Опозицијата бара повлекување на предлог-законот за високо образование, Јаневска вели оти тој е за доброто на сите
Во одговорот до пратеничката Костадиновска-Стојчевска, министерката додаде оти е свесна дека законот за високо образование предизвикал одредени реакции за кои, додаде дека не може да се каже дека се генерализирани и дека доаѓаат од мнозинството заинтересирани, а тоа се студентите и универзитетскиот наставно-научен кадар
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница рече дека нема да се повлече предлог-законот за високо образование оти тој е за доброто на сите. Ова таа го кажа, одговарајќи на прашање од пратеничката од Социјалдеморакратскиот сојуз (СДСМ) Бисера Костадиновска-Стојчевска, која предупреди дека предложените решенија можат да ја нарушат универзитетската автономија и да воведат поголема државна контрола врз високото образование.
На крајот од излагањето пратеничката упати директно прашање до министерката дали овој предлог-закон ќе се повлече и дали ќе пристапат кон изработка на ново решение.
„Нема да го повлечеме законот. Ќе ви објаснам дека е за доброто на сите“,
рече Јаневска, додавајќи дека за него се уште се водат јавни расправи на сите универзитети.
Посочи дека предлог-законот е на ЕНЕР, каде сите засегнати страни можат да остават забелешки.
Исто така, Јаневска додаде оти е свесна дека законот за високо образование предизвикал одредени реакции за кои, додаде дека не може да се каже дека се генерализирани и дека доаѓаат од мнозинството заинтересирани, а тоа се студентите и универзитетскиот наставно-научен кадар.
„Имам прочитано некои од забелешките“, кажа министерката, посочувајќи дека излагањето на пратеничката е полно со флоскули од оние што пишуваат негативно за законот.
Законот, како што вели Јаневска е граден по сите европски и светски стандарди, во насока дека ги подобрува правата на студенетите за кои се предвидува две години мандат во сите тела на универзитетите и им се дава предност на најдобрите студенти, како оние што ќе се вратат од завршени студии од стоте најдобри универзитети во светот, оние што се добитници на „Иженерски прстен“ и на десетте најдобри студенти на универзитетите.
Според неа, одредена е и сума за демонстрантите, која смета дека е достојна за нивната работа и се предвидува вработување на студенти на проекти.
„Го слушнав и пресот на вашиот претседател и ќе кажам дека или го излажале или вие не сте го читале добро законот зашто наведениот член 13 зборува за автономија, за чување на автономијата, а не за мешање на државата“, рече таа.
Во неговата изработка, додаде дека учествувале над шеесетина професори и ќе се одржат серија расправи за него.
Пратеничката Костадиновска-Стојчевска на дешната собраниска седница наменета за прашања од опозицијата упати прашање до министерката Јаневска, кое се однесуваше на предлог-законот за високо образование и последиците од неговите решенија врз автономијата на универзитетите, квалитетот на образованието и можностите за развој на студентите и академскиот кадар.
Таа се осврна и на реакциите од академската заедница кои предупредуваат дека законот премногу ја централизира контролата, а не ги решава суштинските проблеми, како финансии, одлив на млади кадри и слабата поврзаност со пазарот на труд.
Во продолжение прочита неколку забелешки за овој предлог-закон.
На крајот од излагањето, упати директно прашање до Јаневска дали ова законско решение ќе биде повлечено и ќе пристапат кон изработка на нов предлог-закон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опозицијата бара повлекување на предлог-законот за високо…
Во одговорот до пратеничката Костадиновска-Стојчевска, министерката додаде…
Мејл за закопани девојки ја отвори новата…
Полицијата во Ново Мексико ги истражува тврдењата…
Вештачката интелигенција Везилка ќе ја води јавната…
Министерот Стефан Андоновски на меѓународна конференција во…
Синдикалецот Ралповски ќе зема паушал од 250…
Дебатата меѓу синдикатите повторно го отвора прашањето…
Зиков кон Вучиќ: Олабави брате…
Не можеш да ја сакаш и почитуваш…