Општина Карпош ги награди со 10.000 денари првенците на генерацијата

t

Согласно планираната Програма на Одделението за образование на Општина Карпош, локалната самоуправа и годинава традиционално ги награди најдобрите основци – првенци на генерација за учебната 2022 – 2023 година.

По тој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски во својот кабинет им ги врачи решенијата за еднократна финансиска поддршка во висина од 10.000 денари, поединечно на 10 првенци на генерација, од сите 10 основни училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа.

– Инаку, на крајот на учебната година, секое општинско основно училиште во Карпош избира по еден првенец на генерација, кој е во согласност со пропишаниот Правилник и критериумите за избор на првенец на генерација. Со оваа иницијатива Општината сака ги поддржи, мотивира и да го поттикне напредокот на своите основци во рамки на воспитно – образовниот процес. Во таа насока, локалната самоуправа обезбедува и стипендии за талентирани ученици, како и за талентирани спортисти кои имаат постигнато исклучителни резултати во својата област, велат од општина Карпош.

За првенци на генерација за учебната 2022 – 2023 година се прогласени:

Софија Јаревска (ООУ Братство)
Анастасија Велковска (ООУ Аврам Писевски)
Марија Пенева (ООУ Војдан Чернодрински)
Теодора Георгиевска (ООУ Јан Амос Коменски)
Сара Јоргаќиеска (Петар Поп Арсов )
Калина Еленова (ООУ Димо Хаџи Димов)
Бистра Бојаџиевска ( ООУ Лазо Трповски)
Јасна Богдановска ( ООУ Вера Ц Трена)
Ања Јаковска ( ООУ Владо Тасевски)
Ведран Алексовски (Х.Т.Карпош)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…