Објавено на:

Општина Центар издаде нова дозвола за градење спроти Холидеј Ин

t

Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај „Холидеј Ин“ отколку што обвинителството ќе одговори на пријавата од Аникорупциската комисија за деталниот урбанистички план, велат од Шанса за Центар откако во дневните весници се појави ново известување од Општина Центар дека е издадена нова градежна дозвола за локација.

– Тоа значи дека Обвинителството цели две години не успеало да одговори на претставката на Државната комисија за борба против корупцијата со која се бараше истрага за тоа како се носел овој урбанистички план за кој Шанса за Центар многупати укажуваше дека е незаконски – коментираат од Шанса за Центар.

Оттаму нагласуваат дека градоначалникот, „кој за жал има лесна рака за потпишување на градежни дозволи, повторно покажа дека не му е важна законитоста на целиот процес туку што побрзо да ги задоволи интересите на инвеститорите! Ќе остане запаметен дека не се ни обиде да направи било каков чекор за промена иако над 10.000 луѓе потпишаа онлајн петиција за запирање на планот“.

– Сето ова е сосема очекувано, ако се има предвид дека иако обвинителството уште се нема произнесено, самиот премиер присуствуваше на поставувањето на камен темелникот за втората зграда – потенцираат од Шанса за Центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…

Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…

Машко лице пронајдено починато во Центар

На 01.06.2024 во 19:35 часот во СВР…