Општина Ѓорче Петров по градежната хаварија: Нема да дозволиме несовесно градење
Силно сме загрижени од информациите за настанатата штета врз станбената зграда и разбираме дека ваквите ситуации предизвикуваат вознемиреност и чувство на несигурност кај жителите. Ве информираме дека веднаш по добивањето на пријавата, нашите надлежни инспектори се во контакт со управителот на зградата и утврдено е дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета“, велат од Општина Ѓорче Петров по денешниот инцидент.
„За штетата, тие ќе бидат веднаш, без никакво одлагање, задолжени да ја санираат. Дополнително, согласно законските прописи, против нив ќе биде изречена соодветна казна. Сакаме да нагласиме дека Општината нема да дозволи несовесно градење и постапки кои го загрозуваат квалитетот на живеење и безбедноста на граѓаните. Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови. Секој изведувач и инвеститор е должен да работи одговорно и во согласност со закон, и нашите служби ќе продолжат внимателно да го следат случајот. Сакаме да нагласиме дека единствен надлежен орган кој има право да влезе во објект во градба е Градежниот инспекторат, кој и во овој случај постапува согласно своите овластувања“, пишува во соопштението од општината Ѓорче Петров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
Пожарот кој се случи во станбената зграда…
(Видео) СДСМ со 180 во своите ставови?…
Поранешниот градоначалник на Карпош и партиски секретар…
Андреј Петров и Игор Ивановски-Шема се враќаат…
Високи функционери на СДСМ од времето кога…