Ќе се реши ли децениски проблем? Општините се здружуваат против отпадот
Осумнаесетте општини од источниот и североисточниот регион го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад. Ова е и нивен директен одговор дека остануваат на ставот за продожување на изградбата на фабриката за отпад кај светиниколското село Мечуевци.
Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев останува на ставот од пред две недели, фабриката за отпад да не се гради кај Мечкуевци. Најави дека одлуката ќе се донесе и на седница на Совет и по цена да му бидат одзмени ингеренциите од Министерството за животна средина.
Владев пред десеттина дена истакна дека е против изградбата на оваа фабрика кај Мечкуевци, најави распишување референдум и дека нема да изберат по еден член во Извршниот и Надзорниот одбор во регионалното претпријатие.
Претседателот на Совет на градоначалници на Источно планскиот регион, Иван Јорданов посочи дека проектот продолжува, бидејќи сите 18 општини и Свети Николе се веќе корисници на европските пари.
-Одлуката е јасна и децидна дека мора да се продолжи овој проект, што веќе со години се провлекува. Ние, како општини сме и веќе крајни корисници на овој проект, затоа што камионите што ги користат јавните претпријатија и контејнерите се практично преку овој проект, преку Европската унија. Следните фази мора да ги проследиме се со цел овозможување на современ начин за управување со отпадот, вели Јорданов.
Експертите, но и поранешние градоначалници во однос на локацијата на фабриката за отпад со порака дека ова е најголемиот еколошки проект во земјава, кој Европската унија го финансира веќе над 12 години. Сметаат дека во моментов одлуката Свети Николе да се откаже од локацијата е голема авантура и може да се соочи со враќање на милионските суми, кои во наредните 30 години ќе ја банкротираат општината.
Вредноста на проектот е 46 милиони евра. Проектот први го почнаа градоначалниците од Источниот, а подоцна се приклучија од Севроисточниот регион и Свети Николе. Локацијата од наплатата на преработката на отпадот на општината ќе и носи неколку милионски бенефит на општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Mицкоски: Ветивме милијарда, но сега ни се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри зошто кога…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…