Општинските власти во Гевгелија го вандализираат симболот на Македонците!

t

Млади за Македонија реагираат дека општинските власти во Гевгелија го вандализирале националниот симбол на македонскиот народ, по директна наредба од градоначалникот!

Во продолженине нивната објава на Фејсбук:

УДАРОТ ПРОТИВ НАШЕТО СОНЦЕ Е УДАР ПРОТИВ ЦЕЛ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

Во Гевгелија на многу подол начин беа вандализирани, сквернавен и отстранети македонските етнички симболи. Светото 16 крако сонце од Кутлеш, кој е симбол на македонската кралска династија Аргеади, кој претставува етнички симбол и етничко знаме на целиот македонски народ и е поранешно државно и неформално знаме на Република Македонија, беше отстрането од споменикот на политички прогонуваните лица во центарот на Гевгелија. Светото 16 кракото македонско сонце беше вандализирано и отстрането во 4 часот наутро од страна на ЈП Комуналец, а по наредба лично од тогашниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Иван Франгов, во време на неговиот мандат. Истиот споменик беше поставен јавно се со цел собирање на гласови пред избори, со глумење на патриотизам. А за да го мотивираат партиското членство, дури врз споменикот го поставија и партискиот симбол, но тоа беше само за пред избори и само за лажење не само на народот, туку и ја сопственото членство. Но веднаш после изборите, во 4 часот навечер беше вандализирано и отстрането во 4 часот наутро од страна на ЈП Комуналец!

Млади за Македонија веќе подолг временски период се обидува да го врати Македонското национално сонце на споменикот, во дијагол локалните власти политичката партја која го вандализираше – ВМРО-ДПМНЕ. Уште во јануари 2022 година испративме барање и имавме средби за иваа тема со новиот градоначалникот Андон Сарамандов за да се врати сонцето, и му оставивме скоро година дена за да го врати сонцето. За да не започнуваме јавен конфликт, им дадовме доволен временски период за да го вратат назад 16 зрачното сонце.

Но сегашниот градоначалник Андон Сарамандов буквално НЕ ПРЕЛАЖА, поминаа 11 месеца од неговите ветувања, а 16 зрачното сонце уште не е вратено! Наместо да го врати избрусеното сонце од Кутлеш, Андон Сарамандов на секој можен документ се потпишува на сите докуемнти под “северна”, а неговите советници во советот ја користат “северна” постојано во секој можен контекст, а со тоа иритирајќи ги и навредувајќи граѓаните. Дали е нормално локалните функционери и претставници на ВМРО-ДПМНЕ да ја користат северна повеќе од функционерите на СДСМ, а во исто време да се колнат дека штом ќе дојдат на власт ќе го вратат името? Ако некој не верува, можеме да ви покажеме 2 цифрена бројка на снимки како повторуваат “северна” буквално како папагали.

Додека ние чекаме градоначалникот да се врати Сонцето oд Кутлеш, се појавија сериозни сомневања дека Сарамандов во меѓувреме сторил кривични дела со злоупотреба на општинските пари и злоупотеба на службената положба и овластувања, а нашиот правен тим ги анализира околностите и работи на поднесување на соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Гевгелија.

Вандализирањето на 16 зрачното сонце од Кутлеш е главен мотив за започнувањето на петицијата за собирање на 5000 потписи за јавно ситакнување на македонското национално знаме и негово враќање од спомениците. Сонцето од Кутлеш не е вандализирано само во Гевгелија, туку во уште неколку Општини од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ го бруси го шахти, а овие другите од спомениците! Млади за Македонија е во интензивни разговори со градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за мирно надминување на проблемот и враќање на Сонцето од Кутлеш на спомениците каде беше избрусено од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Доколу не успееме да ги принудиме мирно да ги вратат избрусените сонциња и да го истакнат јавно македонското национално сонце, ќе започниме отвотена војна со секој од овие градоначалници. Ние не би сакале да почнеме војна со делово од опозицијата во услови кога имаме анти-македонска власт, НО НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО ВАНДАЛИЗИРА СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ! Впрочем, ова е сериозен скандал, па или мирно ќе го вратат сонцето кое го избрусија, или ќе имаат сериозни политички последици.

Се работи за споменици изградени со наши пари, споменици изградени од градоначалниците на истата партија кои служеле за сликање и собирање на гласови, а после сликањето или изборите (во зависност од општина до општина) истите се секаде брусени!!! Кога некој ќе постави сонце од Кутлеш на споменик, тоа станува дадени право на самоидентификација на македонскиот народ, а дадените права не можат да се одземат! Зошто ако се толку силно истите политичари не ги рушат само спомениците на УЧК, туку само спомениците каде што е поставено Сонцето од Кутлеш?

Поради судскиот спор кој го водевме против Министерството за Правда пред Управниот суд, досега ни беа лимитирани можностите да превземаме соодветни правни мерки против Општина Гевгелија и нејзините функционери. Но тоа сега е сменето. Бевме кристално јасни дека ќе му го вратиме 16 зрачното знаме на македонскиот народ и тоа ќе го сториме.

Имаме дојава дека во Општина Гевгелија и Советот на општината постои стратегија за не ставање на расправа на Совет за нашето барање за враќање на сонцето од Кутлеш, одбегнување на одговорност од градоначалникот, прогласување на ненадлежност и враќање на барањето со барање за организирање на референдум за дали навистина тоа е македонски национален симбол. Нашиот правен тим изминатите денови работи на зададениот предизвик, и во најкус можен рок со 5000 потписи правно ќе биде побарано враќање на 16 зрачното сонце на споменикот. Општина Гевгелија е прва општина, нашата битка се проширува со сите општини, ќе војуваме и ќе се бориме се до целосно враќање на македонското национално знаме низ општините! И се разбира, нашата крајна цел е ПОНИШТУВАЊЕ на Преспанскиот и промената на името, битлата за Сонцето на споменикот и знамињата пред Општините е само една алка во борбата за враќање на името!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…