Орбан: Ако Украина не се согласи да стане тампон зона, ќе исчезне
Украина треба да стане тампон зона меѓу Русија и Западот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел, објавен во весникот „Die Presse“.
„Украина се наоѓа таму каде што е на мапата. За неа најдобра перспектива би била создавање на тампон зона меѓу Русија и Западот“, рече Орбан, цитиран од весникот.
Тој додаде дека ако Украина не се согласи со таа опција, таа ќе исчезне како земја.
Унгарскиот премиер претходно изјави дека времето работи за Русија во актуелниот конфликт во Украина и дека распоредот на силите нема да се промени во корист на Киев.
Шисел смета дека Украина ќе го загуби конфликтот само доколку Европската унија не и обезбеди доволно оружје и пари и ако не обезбеди логистика, додека Орбан смета дека Европската унија не е во состојба да и обезбеди на Украина доволно ресурси за да победи во конфликтот.
„Парите се навистина проблемот. Луѓето во Европа се незадоволни што нивните влади се повеќе и помагаат финансиски на Украина. Не можеме да си дозволиме на Украина да и ги дадеме финансиските средства што би ѝ овозможиле да победи“, рече Орбан, не исклучувајќи ја можноста Украина „да изгуби повеќе територии, па дури и да ја изгуби војната“.
Унгарскиот премиер, сепак, оцени дека конфликтот во Украина нема да заврши во текот на оваа година.
Тој, сепак, нагласи дека Будимпешта ќе направи се за да се постигне прекин на огнот и почеток на мировните преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…