Орбан: Америка дефинитивно победува, дискутабилно е дали Русија губи или победува
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека не може сам да го принуди раководството на Европската унија да ги укине санкциите против Русија, тоа можат само Франција и Германија.
Говорејќи за програмата на радио Кошут, Орбан истакна дека може само да ја намали штетата од санкциите за неговата земја, пренесува Тасс.
Орбан нагласи дека „само Германците или Французите можат да го променат ставот на ЕУ за санкциите“, а политичките ресурси на Унгарија не се доволни за тоа.
Според него, некој од раководството на ЕУ конечно треба да каже „Луѓе, сè уништивме, време е да престанеме“, бидејќи проблемите предизвикани од санкциите само ќе растат.
„Доколку тоа се случи, цените на енергенсите веднаш ќе паднат, а инфлацијата ќе се преполови со нив“, рече Орбан.
Тој уште еднаш повтори дека Европа е најголемиот губитник од конфликтот во Украина и санкциите наметнати на Русија и дека САД имаат само корист од тоа.
„Од економска гледна точка, единствениот или барем главниот губитник во војната во Украина е Европа“, рече тој, додавајќи дека „Америка дефинитивно победува“ и дека „дискутабилно е дали Русија победува или губи.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…