Орбан бара промени во ЕУ, луѓето сакаат можност за семејство и одгледување деца, а не ЛГБТ прашања
Дојде време да се замени доминантниот дискурс во Европската унија. Сега е водена од прогресивна и либерална елита незаинтересирана за главните проблеми на граѓаните на ЕУ, како што се желбата за семејства и одгледување деца. Ова го изјави Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Демографскиот самит во Будимпешта.
Орбан се осврна на претстојните избори за Европскиот парламент и порача дека конзервативната струја сака да постигне значително подобар резултат.
За време на говорот Орбан рече дека е дојдено време за промени во Европската унија.
– Европскиот парламент се занимава со глупости и не потсетува на Советите кои се обидоа да го променат текот на реките, рече премиерот на Унгарија.
Според него конзервативната струја има сила да ја промени ситуацијата на изборите за Европскиот парламент во 2024 година.
– Немаме шанси да ги убедиме сегашните либерални и прогресивни елити да размислуваат поинаку. Мораме да ги тргнеме настрана, но таквата промена бара конзервативни сили ориентирани кон семејството да ја преземат власта во што повеќе земји, заклучи Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…
Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…
Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…
Унгарија ја тужи ЕУ
Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…