Орбан: Горди сме што имаме комуникација со Русија, не сакаме да даваме пари за Украина и мигранти!

t

Унгарија е горда што е единствената во Европската унија која ги одржува отворените канали за комуникација со Русија и разговара со неа за потребата да се постигне мир во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.


„Водиме многу транспарентна и отворена политика која се разликува од повеќето стратегии во Европа. Нашата стратегија е мирна и сакаме да направиме се за да постигнеме мир. Затоа ги држиме отворени сите канали за комуникација со Русија, во спротивно нема да има шанси за мир. Ова е нашата стратегија и ние сме горди на тоа. Ние сме единствената земја која се залага за мир, што би било во интерес на сите во Европа“, изјави Орбан по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел.


Тој, исто така, се закани дека Унгарија ќе го блокира доделувањето дополнителни пари за Украина од буџетот на ЕУ се додека наместо јасно оправдување за таквите чекори се слушаат само повици „да се доделат повеќе пари“. Како што појасни, Европската комисија дала предлог членките на ЕУ да одвојат дополнителни пари за буџетот на ЕУ, кои подоцна ќе бидат наменети за мигрантите и Украина.


„Позицијата на Унгарија е јасна: ние не ја поддржуваме миграцијата во оваа форма и не сакаме да им даваме пари на мигрантите. Ниту ние не сакаме да ѝ дадеме повеќе пари на Украина додека не видиме јасно оправдување за тој предлог. Ова што сега го имаме пред нас нема професионална политичка суштина, само „да дадеме повеќе пари“. Нема да функционира така. Засега го отфрламе тој предлог“, изјави Орбан.


Претходно, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Орбан на маргините на форумот „Појас и пат“ во Пекинг. Тој тогаш рече дека Русија продолжува да ги развива односите со Унгарија и дека во последните децении односите со таа земја се градат исклучиво врз основа на гледање на заедничките интереси, потпирајќи се на сè позитивно што е наследено од минатото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Зеленски потврди дека Украинците започнале офанзива на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат…

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…