Орбан доаѓа во Охрид во четврток и петок заедно со делегација од унгарската влада
Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, на 26 и 27 септември ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија, информира владината прес-служба.
Премиерот Христијан Мицкоски во петок ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.
Во петок ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери.
Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Турист прегазил пензионер од Охрид
Возач на „Мерцедес“ од Србија вчера во…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…