Орбан: Економските проблеми ќе ја сменат позицијата на ЕУ кон Украина

t

Што повеќе економиите во ЕУ стагнираат, толку повеќе луѓето ќе ја ставаат поддршката на Украина под знак прашање, предупреди Унгарскиот премиер.

ЕУ членките порано или подоцна ќе мора да ја притиснат Украина на мировни преговори со Русија, поради домашните тешки економски прашања, изјави премиерот Виктор Орбан за радиото Косут во петокот.

Влошувањето на економската ситуација на запад ќе ги присили земјите од ЕУ да се заложат за мир, рече Орбан.

Конфликтот кој трае повеќе од година и пол, влијае многу лошо на Европските економии и нема да има опоравување во економијата додека трае војната, кажа Орбан на радиската емисија „Добро утро Унгаријо“. Но сепак вп моментов поддржувачите на војната се во огромно мнозинство во европските влади, додаде тој.

Ако има нешто што би ги натерало европските престолнини да ја преиспитаат својата поддршка за војната во Украина, тоа ќе биде понатамошното влошување на економските состојби на континентот, верува Орбан. Повеќето луѓе во Европа веќе ја делат унгарската позиција околу ова прашање која е против војната и за мировни преговори што побрзо и економските потешкотии ќе ги присилат граѓаните на европските земји да вршат поголем притисок врз своите влади за преиспитување на позициите околу војната, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…