Орбан за самитот Путин-Трамп: Унгарија е единствената земја во Европа која е на патот кон мирот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека многумина ширум светот се прашуваат и шпекулираат зошто Унгарија е избрана за место за средба на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, и дека одговорот е едноставен – Унгарија е единствената во Европа на патот кон мирот.
Фидес никогаш не држела лекции никому, ниту кога била на власт ниту кога била во опозиција, напиша Орбан на социјалните мрежи, пренесува MTI.
„Никогаш не сме ги затвориле каналите за преговори“, нагласи тој. Тој рече дека е тешко да се убеди некого во нешто ако не се разговара со него.
„И најважно од сè, со години постојано и упорно стоиме на страната на мирот. Соработка наместо конфронтација, меѓусебно почитување наместо стигматизација. Тоа е патот кон мирот“, рече Орбан.
Тој нагласи дека Унгарија сега е земја во Европа каде што постои сериозна шанса преговорите меѓу САД и Русија на крајот да доведат до мир и каде што дури и европските перспективи би можеле да преовладаат.
„Брисел можеби се изолираше, но ние ќе продолжиме да преговараме“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан за самитот Путин-Трамп: Унгарија е единствената…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека…
Унгарски МОЛ ги зголеми испораките на нафта…
Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми…
Србите и Унгарците одржаа заедничка воена вежба
Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба…
Милановиќ кон Унгарија: Не сме ви виновни…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ му возврати на…
Унгарија ја повикува ЕУ да го следи…
Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешни…