Орбан за Украина и ЕУ: Тоа не е наша војна

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не е во интерес на Европската унија да се придржува до позицијата на Украина, а притоа, пристапот што го избра ЕУ сè повеќе ги вовлекува европските земји во конфликтот, пишува Политика.
„Ја критикувам европската политика затоа што, наместо да ги следиме нашите интереси, ние целосно се придржуваме до украинските позиции, а тоа не вовлекува сè подлабоко во конфликтот. Ова не е добро за Европа, напротив – многу е штетно“, рече Орбан за весникот „Коријере“.

Според него, во интерес на Европа е да се стави крај на конфликтот, но ЕУ станува една од страните во конфликтот.

„Тоа не е наша војна“, истакна Орбан.

Орбан, исто така, ги отфрли тврдењата дека Русија претставува закана за безбедноста на Европа.

„Нашата безбедност не е загрозена. Ако Европа одлучи да стане страна во тој конфликт, тогаш Унгарија не се придржува до тој став“, нагласи унгарскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…