Орбан и Ердоган децидни: Влегување во војната не е опција

Разговорите меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара биле фокусирани на војната во Украина и прашањата за енергетската безбедност, соопшти портпаролот на унгарскиот премиер, Берталан Хаваси.
Тој изјави дека во интерес на Унгарија и Турција, како соседи на Украина, е што побргу дипломатски да постигнат праведен мир.
„Мора да се избегне влегување во војната и нејзина ескалација“, се вели во изјавата на двајцата лидери.
Претседателот Ердоган ѝ се заблагодари на Унгарија за солидарноста што ја покажа по земјотресот во Турција и за огромната помош, особено за херојските напори на унгарските тимови за пребарување и спасување.
Орбан побара од Ердоган да се погрижи Турција да остане сигурен партнер во снабдувањето со природен гас од исток, што е клучно за енергетската безбедност на Унгарија.
Како што јави турската новинска агенција „Анадолија“, Орбан присуствуваше на вонредниот самит на лидерите на Организацијата на турските држави во Анкара.
За време на самитот на тема „Управување со вонредни ситуации и хуманитарна помош“, учесниците разговараа за мултилатералната соработка и механизмите за координација во борбата против катастрофи и одржаа консултации за актуелните предизвици во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…