Орбан: Мораме да спречиме Европа да влезе во војна со Русија, Унгарците нема да гинат за други!
Унгарија сака да ја спречи Европа да влезе во војна со Русија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан на митингот „Марш на мирот“ во Будимпешта и порача дека Унгарците нема да гинат за другите.
„Имаме огромна задача пред нас, каква што никогаш не сме имале. Мораме да ја спречиме Европа да влезе во војна што ќе доведе до нејзино уништување“, рече Орбан на митингот „Марш на мирот“ во Будимпешта за поддршка на политиката на унгарската влада против ширењето на конфликтот во Украина.
Тој оцени дека денес Европа се подготвува за војна, дека секој ден во Украина се слеваат стотици милијарди евра, нуклеарно оружје се става среде Европа.
„Се чини дека нема кочница на провоениот воз, а машиновозачот полудел“, рече Орбан, додавајќи дека сопирачката за итни случаи мора да се повлече за да можат барем оние што сакаат да излезат и да останат надвор од војна.
Орбан зборуваше и за тоа како Унгарија сега е посилна од кога било во последните сто години, дека претставува мирен и силен остров во средината на Европа, но дека клучното прашање е дали ќе се откаже од мирот.
„Ние нема да одиме во војна и нема да гинеме за другите на туѓо тло“, рече Орбан, пренесува Index.hu.
Тој додаде дека не смее да се дозволи спроведување на опасните планови на ЕУ и НАТО, кои водат до ширење на конфликтот во Украина и ги повика граѓаните на претстојните избори да гласаат за партии кои се залагаат за мир, а не за војна за Европскиот парламент.
„Каде и да се случи војна, нема спас, војната ве обзема, не можете да ја избегнете, не можете да се скриете од неа. Единствениот противотров за војната е мирот. Да се остане надвор од војната и да се зачува Унгарија како остров на мирот, тоа е нашата мисија “, рече Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Сијарто му ја плесна вистината во очи…
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…