Орбан на средба со Путин, ЕУ со остри критики

t

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска отпатува за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, само неколку дена по неговата посета на Киев, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv).

Орбан во Москва е придружуван од шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Последната средба на Орбан со Путин беше во октомври 2023 година на Форумот Појас и пат во Пекинг. Унгарскиот премиер беше единствен европски политичар кој присуствуваше на Форумот.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро го критикуваше Орбан, истакнувајќи дека актуелното претседавање на Унгарија со ЕУ нема мандат да соработува со Русија во име на ЕУ.

– Европскиот совет е јасен: Русија е агресор, Украина е жртва. Ниту една дискусија за Украина не може да се одржи без Украина, посочи Мишел.

Неименуван висок дипломат на ЕУ наведе дека Орбан не информирал ниту една од институциите за патувањето во Москва.

Неколку дипломати на ЕУ ја осудија посетата, велејќи дека таа е во спротивност со актуелната политика на ЕУ и го става на ризик единството на Унијата, пренесе МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…