Орбан: Нема да дадеме ниту една пара за мигрантите
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека државата нема да го спроведе миграцискиот пакт на Европската унија „сè додека има национална, патриотска влада“.
„Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, ние нема да го спроведуваме пактот за миграција“, рече Орбан во порака објавена на Фејсбук, објави MTI.
Тој нагласи дека Унгарија нема да прифаќа мигранти и нема да им даде ниту една пара за нив.
Пактот за миграција и азил е збир правила на ЕУ што треба да стапат во сила од јуни 2026 година, а има за цел да создаде ефикасни и униформни процедури за управување со пристигнувањата, да обезбеди фер распределба на товарот меѓу земјите-членки и да воспостави солидарност, а воедно да ги заштити основните права на мигрантите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан: Нема да дадеме ниту една пара…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Орбан: Средбата Трамп-Путин е одложена, но не…
Русија и САД се способни да постигнат…
Хрватска е подготвена целосно да ја снабдува…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ остро реагираше на…
Орбан: Додека Трамп е претседател нема да…
Унгарскиот претседател Виктор Орбан денес изјави дека…
Орбан: Постигнав договор со Трамп
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека постигнал…