Орбан: Ние сме за мир, ама војската мора да биде внимателна и подготвена
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го посети командниот центар за контрола на здружените сили во Секешфехервар, со цел да се запознае со состојбата на одбранбените способности на унгарските вооружени сили, изјави портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси, пренесе агенцијата МТИ.
Орбан повтори дека во сегашната ера на опасност, заштитата на Унгарија е приоритет на владата.
„Развојот на војската и одбранбената индустрија не смее да забави и покрај економската криза предизвикана од санкциите. Ние сме за мир, но мора да бидеме внимателни и подготвени“, додаде тој.
Унгарскиот министер за одбрана, Кристоф Салај-Бобровнички, го информираше Орбан за статусот на програмата за развој на одбраната и вооружените сили, обуката на персоналот и достигнувањата во развојот на капацитетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто му ја плесна вистината во очи…
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…
Бугарија и Унгарија го потврдија своето стратешко…
Бугарија и Унгарија се согласија да ги…
Сијарто: Србија ја замени Украина како главен…
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…
Поминаа седум часа зад затворени врати па…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаше значаен…
Калас: Подготвуваме план „Б“ во случај Унгарија…
Европската унија подготвува план „Б“ во случај…