Орбан: Никогаш не добивме помош од ЕУ, само тужби и присила
Никогаш не сме добиле помош од Брисел во однос на спречувањето на илегалната миграција, туку само критики и тужби, ја критикуваше денеска ЕУ унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан на заедничката прес-конференција по Трилатералниот самит со австрискиот канцелар Карл Нехамер и српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во рамките на соработката во областа на внатрешните работи, секоја земја од ЕУ има на располагање одредени средства за миграција.
Тој посочи дека Унгарија не добила ништо од Брисел за одржување и изградба на оградата.
„Уште повеќе, ситуацијата е уште полоша. Во Брисел не’ принудуваат да применуваме правила кои не се во согласност со нашата култура. Правилата за миграција со кои сакаат да ја третираат миграцијата само создаваат проблеми и ни се неупотребливи. Кога ги користиме нашите правила, тие се повикуваат на човековите права, почнуваат постапки, не тужат. Не само што не добиваме помош, туку не спречуваат да се бориме против илегалната миграција“, беше остар Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…