Орбан одлучи: Странците ќе плаќаат поскапо гориво од Унгарците
Унгарската влада одлучи дека од овој петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарната цена.
Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан изјави дека со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета по должина на границата, со што на земјата и се заканува недостиг.
„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес-конференција.
За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар. Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Сијарто повика на меѓународна акција против прогонот…
Меѓународната заедница мора да преземе акција против…
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Илир Мета сакал да бега во Унгарија,…
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на…