Објавено на:

Орбан: Опозицијата ќе ја втурне Унгарија во конфликтот со Украина, тоа би било трагично

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше придружуван од сопругата Анико Леваи, по гласањето на парламентарните избори во Унгарија, рече дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот, пренесува агенцијата МТИ.

– Тоа би било трагично за Унгарија, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.

Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска имаа можност да гласаат за нов состав на Парламентот.

На владејачката партија Фидес на премиерот Орбан и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија, предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.

Според анкетите Фидес има предност пред коалицијата Обединети за Унгарија. Ппрвпат изборите во Унгарија ги следат 200 меѓународни набљудувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…

Да помогнеме за лекување на 19-годишниот Виктор…

На 19-годишниот Виктор Боневски од Скопје му…

Орбан: Економските проблеми ќе ја сменат позицијата…

Што повеќе економиите во ЕУ стагнираат, толку…

Орбан бара промени во ЕУ, луѓето сакаат…

Дојде време да се замени доминантниот дискурс…