Орбан реизбран за премиер на Унгарија
Унгарските пратеници денеска го реизбраа лидерот на партијата Фидес, Виктор Орбан, на функцијата премиер, на која тој се наоѓа од 2010 година, а за неговиот избор „за“ гласаа 133 пратеници додека 27 беа „против“, пренесе агенцијата МТИ.
По гласањето, Орбан веднаш положи заклетва и ја презеде функцијата.
Кабинетот на унгарскиот премиер претходно соопшти дека Орбан ги завршил преговорите за формирање на новата влада, во која многу министри ќе ги задржат своите фотелји.
Орбан кажа дека има изгледи за доаѓање на „ера на рецесија” во Европа, бидејќи континентот се бори со зголемени цени на енергијата и високата инфлација поради војната во Украина.
Говорејќи во парламентот, каде што ја положи заклетвата како премиер, Орбан кажа дека Будимпешта нема да ги блокира санкциите на ЕУ наметнати за Русија поради нападот врз Украина се додека тие не претставуваат ризик за енергетската безбедност на Унгарија.
Унгарскиот премиер, исто така, додаде дека владата ќе работи на ограничување на инфлацијата во земјата, преземајќи внимателни чекори за регулирање на цените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Сијарто повика на меѓународна акција против прогонот…
Меѓународната заедница мора да преземе акција против…
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Илир Мета сакал да бега во Унгарија,…
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на…