Орбан се пишмани: Унгарија е подготвена да учествува во финансирањето на европската одбрана
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата е подготвена да учествува во финансирањето на заедничката европска одбранбена политика, но е против задолжувањето од ЕУ за таа цел.
Ова прашање може да биде клучна тема на самитот на лидерите на ЕУ следната недела, каде се очекуваат „тешки“ преговори, изјави Орбан за државното радио, пренесе Блумберг.
Пратениците од партијата на Орбан вметнаа одредба во уставот со која е потребно двотретинско мнозинство во парламентот за да се одобри заедничкото финансирање од ЕУ.
Орбан најави дека ќе ги повика пратениците да гласаат против предлогот на седницата закажана пред почетокот на самитот на ЕУ на 20 март.
Дипломатската служба на ЕУ денеска предложи земјите-членки на блокот да обезбедат до 40 милијарди евра воена помош за Украина оваа година, според документот што го видел Ројтерс.
Како што е наведено, секоја земја-членка на ЕУ која учествува во донациите треба да придонесе „во согласност со своите економски можности“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…