Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена, ставот на Унгарија може да стане мнозински
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сите можат да видат дека војната во Украина е изгубена и дека е лоша одлука да се влезе во неа.
Тој додаде дека секое унгарско домаќинство изгубило по околу 6.000 евра поради војната, а богатите земји уште повеќе, пренесе МТИ.
Орбан денеска за унгарските јавни медиуми изјави дека Унгарија не треба да се плаши од ситуации во кои зазема поинаков став од останатите 26 членки на Европската унија, бидејќи нејзиниот став во иднина може да стане мнозински.
Тој ја даде оваа изјава откако вчера стави вето на уште една изјава на ЕУ во врска со Украина.
Тој потсети дека Унгарија претходно беше единствената земја која се спротивстави на миграцијата, изгради ограда на границата и влезе во конфликт по ова прашање.
– Осум или девет премиери, кои претходно протестираа против сегашните правила за бегалците, во четвртокот буквално го повторија она што Унгарија го кажа и направи пред десет години, рече Орбан.
Тој додаде дека унгарските ставови во врска со војната сега се во слична ситуација.
– Сè уште сме далеку од мнозинството, бидејќи мнозинството членови вчера одлучија да ја продолжат војната, испраќајќи уште повеќе пари и оружје во Украина, но таа одлука повеќе не е цврста и непоколеблива како порано, посочи тој.
Орбан рече дека е убеден дека, како и во случајот со миграцијата, „ќе дојде моментот кога унгарската позиција ќе стане заедничка позиција на Европа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…