Орбан: Тешко е да се замисли дека може да се победи Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за германското издание Билд изјави дека му е тешко да замисли дека Русија може да биде поразена.
Според него, рускиот претседател има јасна слика за тоа што ќе се случи и како Русија може да победи.
„ Путин не може да изгуби ако ги погледнете војниците, техниката и технологијата. Тешко е да се замисли да се победи Русија. Веројатноста Русија навистина да биде поразена не постои“, изјави Орбан во интервју за Билд.
По неодамнешните разговори со Путин и Володимир Зеленски, Орбан рече дека „следните два до три месеци ќе бидат поинтензивни отколку што мислиме“.
„Што ќе се случи на фронтот во следните 2-3 месеци до изборите во САД? Ќе биде многу полошо. Таму има многу оружје, а Русите се одлучни. Енергијата на конфликтот и бројот на жртви ќе да биде уште пострашно отколку што беше во последните седум месеци.
Да потсетиме, премиерот на Унгарија во последните неколку дена ги посети Киев, Москва и Пекинг, а денеска заминува за Вашингтон со надеж дека ќе се обиде да постигне прекин на огнот во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…