Орбан: Трамп вети дека нема да ѝ даде ни цент на Украинa
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, нема да ѝ дава пари на Украина ако победи на изборите во ноември и се врати во Белата куќа.
– Очигледно е дека Украина не стои на сопствени нозе. Ако Американците не даваат пари, Европејците нема да можат да ја финансираат ова војна и таа ќе заврши. Трамп сега не е претседател, но неговата партија ги спречува демократите да испраќаат пари во војна. Тој рече дека ако се врати, тоа нема да го прави, нема да даде ни цент и војната ќе заврши – изјавил Орбан во интервју за телевизијата „М1“.
Орбан се сретна со Трамп во петокот на неговиот имот на Флорида. Унгарскиот премиер изјави дека Трамп имал „детални планови како да ја заврши војната во Украина“, но не дозволил за тоа да се зборува во јавност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…