Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека за Унгарија е од егзистенцијален интерес мировниот самит во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да биде успешен, бидејќи унгарската економија конечно ќе може да здивне и да се врати на растот од пред руско-украинската војна.
– Од моментот кога беше објавен мировниот самит во Будимпешта, единственото прашање што го поставуваат левичарски ориентираните аналитичари и политичари, обидувајќи се да најдат мана, е дека е убаво што Трамп и Путин ќе се сретнат во Будимпешта, но како тоа ќе направи лебот да биде поевтин, напиша Орбан на Фејсбук.
Тој наведе дека во првите три години од руско-украинската војна, Унгарија загубила 9,1 милијарди форинти (23,3 милиони евра), односно повеќе од два милиони форинти по семејство.
– Ако успееме да ја завршиме војната, сето ова ќе престане. Унгарската економија конечно ќе може да здивне со олеснување и ќе можеме да се вратиме на растот од пред војната. Сите ќе заработуваат повеќе, па дури и лебот ќе биде поевтин. Затоа, од егзистенцијален интерес на Унгарија е мировниот самит во Будимпешта да биде успешен. Да направиме сè што можеме за тоа!, напиша Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Радев ја повика Унгарија да ја убеди…
Разговаравме за ситуацијата во Западен Балкан и…
Зеленски: Украина нема ништо да му даде…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
Елитна американска воена единица вежба напади во…
Американскиот претседател Доналд Трамп распореди елитни сили…
Трамп: Американската војска уништи подморница која со…
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека…