Објавено на:

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека за Унгарија е од егзистенцијален интерес мировниот самит во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да биде успешен, бидејќи унгарската економија конечно ќе може да здивне и да се врати на растот од пред руско-украинската војна.

– Од моментот кога беше објавен мировниот самит во Будимпешта, единственото прашање што го поставуваат левичарски ориентираните аналитичари и политичари, обидувајќи се да најдат мана, е дека е убаво што Трамп и Путин ќе се сретнат во Будимпешта, но како тоа ќе направи лебот да биде поевтин, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој наведе дека во првите три години од руско-украинската војна, Унгарија загубила 9,1 милијарди форинти (23,3 милиони евра), односно повеќе од два милиони форинти по семејство.

– Ако успееме да ја завршиме војната, сето ова ќе престане. Унгарската економија конечно ќе може да здивне со олеснување и ќе можеме да се вратиме на растот од пред војната. Сите ќе заработуваат повеќе, па дури и лебот ќе биде поевтин. Затоа, од егзистенцијален интерес на Унгарија е мировниот самит во Будимпешта да биде успешен. Да направиме сè што можеме за тоа!, напиша Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Мацут: Работиме на проект за брза железница…

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, денеска изјави…

Касами победата во Тетово ја прослави со…

Вчера вечер по победата на Биљал Касами…

Еврокомесарот: Европската Унија нема да увезува енергија…

Европската Унија нема да увезува руска енергија,…

Мециновиќ: Скопје се разбуди, сега сопствените соништа…

Кандидатите за градоначалници за Град Скопје, Амар…