Организаторите на борбите со кучиња се јавно објавени на Фејсбук – СВР Oхрид да постапи
Откако јавноста беше информирана за грозоморните борби со кучиња кои се случуваат во Охрид, на веќе подготвен терен, дел од учесниците во ваквите крвави борби почнаа да се закануваат на здруженијата кои објавија.
Црните пари од овие борби се заработуваат на рингот зад новата база на контроверзниот бизнисмен во Општина Охрид, Нефи Усеини. Дел од информациите кои пристигнаа до Левица се дека земјиштето каде е подигнат рингот е во сопственост на Нефи Усеини, па алармираме до СВР Охрид да преземе дејствија за откривање на сопственикот. Грозоморната и добро организирана криминална шема им е добро позната на институциите и на Секторот за внатрешни работи – Охрид, но досега ниту еден сторител не е казнет! Со оглед на високата партизираност во правосудството, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство (од страна на ДПМНЕ, СДС и ДУИ), јасно е дека овие лица се заштитени од секоја гарнитура на власт!
Во член 233 од Законот за Убивање и мачење животни, во точка 1 стои: „Тој што ќе усмрти животни без оправдана причина или грубо го злоупотребува или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор од три години“. Левица ЛО Охрид смета дека преку ваквото тешко кривично дело уште еднаш испливува на површина хендикепот на институциите конструирани од сите досегашни политички коалиции, посочуваат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…