Организаторот на „Европрајд“: Прајдот ќе се одржи, нема да се откажеме од парадата

Еден од организаторите на „Европрајд 2022“, Горан Милетиќ, денеска изјави дека “Прајдот” ќе се одржи според планот и дека организаторите нема да се откажат од парадата.
„Одлучни сме парадата да се одвива според планираното, бидејќи без неа не можеме да имаме ниту Еуропрајд. Целосно инсистираме на прошетка“, рече Милетиќ на прес-конференција пред градското собрание.
Тој додаде дека организаторите се свесни дека полицијата може да одлучува за забрана, како што се случувало претходно.
„Значи, дури и да се случи забрана, сепак ќе одиме и покрај тоа. Но, ние не сме за конфронтација, ние сме за компромис. Преку разговори со државата се обидуваме да дојдеме до решение кое е најдобро и кое би обезбедило безбедност на сите учесници“, рече тој.
Милетиќ додаде дека организаторите се свесни за моментот во кој се наоѓа земјата, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…
Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…
Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…