Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што ќе продава поевтино во есенската кошничка?

t

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје се само дел од производите кои ќе бидат на листата од 100те основни прехрамбени и земјоделски производи на акциската кошничка, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

Тој во изјавата за медиуми исто посочи дека ќе се прави ограничување на цените во одредено ниво или ограничување на маржата од пет до 15 проценти. Овие акциски кошнички ќе продолжат и во наредниот период. Оваа мерка ќе биде доставена следната недела до владата со цел да се усвои и како што изјави Дурмиши веднаш ќе се започне со процедура да се почитува таа мерка.

Овошни производи, храна, ориз, грав. Сите производи кои што им се потребни, побитни на граѓаните во есенскиот период. Сакам да најавам дека оваа акциска кошничка ќе ја продолжиме и во наредниот период, тоа ќе биде зимска кошничка, велигденска, рамазанска – рече Дурмиши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна одлука за напад во Русија, Америка…

Белата куќа го финализира планот кој ќе…

И ОВА СЕ СЛУЧИ – Украинскиот голман…

Украинскиот портал "Спорт Експрес" објави неверојатна приказна…

Комити: Одлуката на Гостивар е срамна –…

Навивачката група на Вардар, Комити реагира на…

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што…

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје…

Агелер за црната листа на САД: Повеќе…

Се разгледуваат голем број на случаи и…