Орце Камчев излегува од притвор, ќе се брани од слобода

t

Орце Камчев излегува на слобода по 10-месечен притвор, кој му беше изречен на 14 март минатата година спротивно на законот, а врз основа на службена белешка на АНБ во која се тврдеше дека Камчев подготвувал бегство во Бугарија.

Неофицијално, Апелацискиот суд ја прифатил гаранцијата на бизнисменот врз основа на која е укината мерката притвор, а бизнисменот ќе се брани од слобода. Како гаранција за присуство на рочиштата за „Плацови на Водно“ Апелацискиот суд ќе ги задржи патните исправи на бизнисменот.

Камчев беше приведен на 14 март и потоа со решение на судија на претходна постапка однесен во притвор, кој беше оправдуван со службена белешка на АНБ според која Камчев подготвувал бегство во Бугарија. Тогашниот министер за безбедност и вицепремиер на бугарската влада Красмир Каракачанов ги отфрли овие информации како лага и конструкција на „удбашката банда на Викторијо Димовски“, објаснувајќи дека Бугарија никогаш не подготвувала бегство на бизнисменот.

Пред новогодишните празници, Камчев беше примен на лекување приватната болница „Аџибадем Систина“. Ден претходно од притвор излезе поранешниот директор на некогашната УБК, Сашо Мијалков.

Орце Камчев беше предмет на анализа на американскиот Стејт Департмент кој ги прекори македонските судии за неосновано држење на луѓе во притвор, а влезе и во извештајот на Европската Унија благодарение на известувачот Јан Фигел, кој условите во кои беше држен Орце Камчев ги прогласи за полоши од оние во африканските земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругите на советникот на Мицкоски и претседателот…

Сопругите на претседателот на Уставниот суд, Дарко…

Иван Џолев преминува во Апелација, нови имиња…

Судскиот совет го избра досегашниот претседател на…

Апелација ги зголеми казните за обвинетите во…

Обвинетите во трагичниот случај „Ласкарци“ ќе одговараат…

Апелација му укина притвор на водач на…

Апелација му ја укина мерката притвор на…

Најчевска: Одлуката на Апелација да ја преполови…

Одлуката на Апелациониот суд да ја намали…