Објавено на:

Орце не застанува: Санација на тринаесет улици во населба Драчево

t

Реконструктивни зафати на тринаесет улици во населбата Драчево се одвиваат во моментов во општина Кисела Вода. Градежните активности кои опфаќаат гребење на оштетениот и дотраен асфалт се во тек.

Се работи за сообраќајници на кои никој не интервенирал повеќе од 50 години иако жителите од овој дел на Скопје интензивно ги користат во своето секојдневие. “Шандор Петефи”, “Чупино Брдо”, “Иван Тургењев”, “Риза Ризов”, “Радослав Петковски”, “Дарвинова”, “Стари Новакија”, “Ромен Ролан”, “Ѓорѓи Динката”, “Иван Мажураниќ”, “Иван Мешторовиќ”, “Раде Дакиќ”, “Димитар Гуштанов”, се улиците со површина од 8545 квадратни метри, кои до средината на август ќе бидат целосно асфалтирани и ставени во функција.

-Градежните зафати за подобрување на патната мрежа низ општина Кисела Вода продолжуваат со голем интензитет и во наредниот период. Се интервенира низ сите месни и урбани заедници, со што приоритетни се најфревентните, и оние улици каде декади наназад не е извршена никаква инвестициска и градежна активност. Во изминатиот период Општина Кисела Вода ги санираше сите улици во Пржино, во Црниче ваков зафат претрпе “Рилски Конгрес”, а се привршува и улицата “Наум Охридски”, велат од Општина Кисела Вода.

Целосно беше асфалтирана улицата “Пушкинова” со сите нејзини краци, како една од најфреквентните улици во урбаната заедница 11 Октомври Згради, а во моментов тече и поплочувањето со павер елементи на околу 2000 квадратни метри површина на улици низ Пинтија и Драчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…