Орце ја прифати поканата на Канал 5 телевизија за дебата со Амар
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека ја прифатил поканата за учество во телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ, која ќе се одржи во организација на Канал 5 телевизија.
„Почитувана јавност, драги скопјани, сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија. Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата“, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејсбук-профил.
Тој додаде дека граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе има можност да ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на главниот град.
„Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“, порача Ѓорѓиевски.
Дебатата на Канал 5 ќе биде прва телевизиска соочување меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Скопје, што се очекува да предизвика големо внимание во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Јакимовски: Од 7 сабајле до 7…
Карпош се дави во смет а ние…
Изборите во 2026 година ќе бидат најважните…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Зрењанин…
Тајмс открива нови детали: И Македонија е…
Косово стана првата земја што понуди да…
Курти се согласи на мигрантски кампови: Чувствуваме…
Косово чувствува „политичка должност“ да ги процесира…
ЕП донесе резолуција за државното насилство во…
Европскиот парламент (ЕП) усвои резолуција за растечката…