ОСЛОБОДЕНИ НАД 5.000 ЗАТВОРЕНИЦИ КОИ СЕ БОРЕА ЗА ВАГНЕР: Само 0,31 отсто од нив пак ќе прибегнат кон криминал?
Платениците од Вагнер се бореле во Либија, Сирија, Централноафриканската Република и во Мали. Тие самите се сметаат за најтврдокорната платеничка група во светот.
Повеќе од 5.000 поранешни криминалци се помилувани по завршувањето на нивните договори за борба во руската платеничка група Вагнер против Украина, изјави во саботата основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин на Телеграм, јавува Ројтерс. Тој тврди дека само 0,31 процент од оние кои биле помилувани продолжиле да се занимаваат со криминал, што, според него е 10 до 20 пати помалку од стандардните статистики за помилувани затвореници.
Познато е дека Пригожин и за време на мобилизацијата во Русија им вети на многу затвореници дека ќе бидат ослободени ако земат учество во војната.
Пригожин, наречен и „готвачот на Путин“ самиот одлежал девет години затвор во советско време за грабеж и за други злосторства пред да започне бизнис во 1990-тите.
Тој неодамна призна дека се мешал во изборите во САД и за првпат ја призна својата улога во основањето на Вагнер. Ставен беше на листата на санкции на САД. Неговата мајка, Виолета Пригожина, ги избегна санкциите.
Платениците од Вагнер се бореле во Либија, Сирија, Централноафриканската Република и во Мали. Тие самите се сметаат за најтврдокорната платеничка група во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…