Објавено на:

Осло: Засега без осомничени по синоќешната експлозија во американскиот дипломатски комплекс

t

Норвешките власти денеска интензивно трагаат по сторителите на експлозијата што се случи пред амбасадата на САД во главниот град Осло, јави ДПА.

– Станува збор за неприфатлив инцидент кој го сфаќаме многу сериозно – изјави министерката за правда Астри Ас-Хансен.

Според првичните наоди на истрагата, експлозијата одекнала кај еден од влезовите на амбасадата, и притоа нема повредени лица.

Од полицијата соопштија дека на местото на настанот интервенирале бројни екипи на итните служби.

На прес-конференцијата одржана попладнево, официјалните лица потврдија дека сè уште нема осомничени, но дека властите работат со сите расположиви капацитети на расветлување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осло: Засега без осомничени по синоќешната експлозија…

Норвешките власти денеска интензивно трагаат по сторителите…

МНР: Евакуираните македонски државјани од ОАЕ вечер…

Во Скопје вечерва ќе пристигне првата група…

Сијарто бара одговор од Киев зошто преку…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто,…

Мицкоски: Нема договор за мигранти со Британија,…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не постои…

Пациентка од Крива Паланка почина во возило…

Трагичен настан се случи при медицински транспорт…