Османи: Ахмети има одлично разбирање за геополитичкиот контекст и регионалните динамики

t

Ова е декадата на членството на Западен Балкан, односно одредени земји меѓу кои и Македонија во Европската унија. Тоа значи плус, минус флексибилност во зависност од внатрешни динамики, регионални и геополитички, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека Македонија ќе стане членка во ЕУ за три-четири години, Османи во „Топ тема“ на ТВ Телма, порача дека државите кандидати би ги имале сите привилегии од членството во ЕУ и пред самото членство, а новиот пристап и забрзаната трака, според него, дава солидна основа на тоа што Ахмети го кажува.

-Мислам дека господинот Ахмети има одлично разбирање за геополитичкиот контекст и регионалните динамики, оттука неговите прогнози треба сериозно да се земат предвид, порача Османи.

Во однос на предлог-уставните амандмани, Османи истакна дека овој предлог на уставни измени покажа дека на најдобар начин се штитат нашите позиции во однос на односот на малцинската бугарска заедница во земјава во однос на останатите заедници.

-Формално се дефинира кој е кој, што е што, имаме мнозински македонски народ и имаме делови од други народи кои живеат овде во подеднакви услови, вклучувајќи ја и бугарската заедница, посочи Османи.

На прашањето дали ќе се чека утрешната лидерска средба за уставните измени да бидат поминати влада и потоа испратени во Собранието, тој кажа дека би било добро да има позитивен исход таа средба, во спротивно, кажа, „опозицијата би испуштила историска шанса барем еднаш во поновата историја на оваа држава да придонесе во важни државни процеси кои носат стабилност и иднина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…