Османи бара Комисијата за надворешна политика во најскоро време да закаже седница со кандидатите за амбасадори
Министерот за надворешни работи Бујар Османи бара во најкраток можен рок да биде закажана седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која ќе се претстават кандидатите за идни амбасадори.
Османи во статус на „Фејсбук“ пишува дека денеска упатил, како што вели, формална ургенција до претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски, „веднаш да престане ова бојкотирање на надворешната политика и стратешкиот интерес на земјата, и во најкраток можен рок да биде закажана седницата за одбрана на тезите на идните амбасадори“.
– Незакажувањето на седницата на Комисијата за надворешни работи при Собранието на Република Северна Македонија, претставува флагрантна, можам да кажам дрска злоупотреба и на Деловникот за работа на Комисијата и воопшто на учеството на Собранието како посебно тело во надворешната политика, реагира Османи на „Фејсбук“.
Претставувањето на кандидатите за амбасадори пред Собранието, како што наведува тој, има посебна политичка и општествена улога во целиот процес на испраќање амбасадори во странство. Тоа, додава, е последниот чекор на еден долг процес во кој не само народните избраници, туку и граѓаните имаат можност директно да ги видат и слушнат идните нивни претставници во странство не само како ги образложуваат тезите, туку и како одговараат на сите поставени прашања.
– Одложувањето на овој процес, особено своеволно, непотребно, и без пристојно образложение, претставува длабок политички хендикеп за надворешната политика и за остварувањето на стратешките цели на земјава, пишува Османи додавајќи дека тоа воедно создава и дополнителни предизвици за самите кандидати: проблеми за нивните семејства за нивното навремено преселување и сместување во земјата на прием; проблеми за образованието на нивните деца кои не можат навремено да се запишат во училиште, проблеми во организацијата на работата на самите дипломатски претставништва кои ја имаат организирано својата работа очекувајќи ги новите амбасадори да ги заземат своите позиции.
Минатиот месец, пред членовите на Комисијата зад затворени врати, своите тези за дипломатските активности ги презентираше новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави Зоран Попов. Покрај него, пред Комисијата треба да се претстават и новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Република Словачка, Евгенија Илиева, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…