Османи бара поддршка од Арапската лига за обезбедување нови држави кои ќе го признаат Косово

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по посетата на Њујорк, се сретна со генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт, на кого му се заблагодари за поддршката што организацијата му ја дава на Косово, јавува РТК.


„На средбата со Абул Геита, Османи побарала зголемување на соработката со Арапската лига, со цел продлабочување на односите со земјите членки на Лигата, со цел да се обезбедат нови признавања, но и да се поддржи Косово во процесот на членство во меѓународни организации“, се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателката на Косово.

Според претседателката Османи, Косово веќе има постигнато значителен напредок со посебен фокус на владеењето на правото, отворањето работни места и зајакнувањето на меѓународната позиција на Косово.

Понатаму во соопштението се наведува дека Османи истакнала дека зајакнувањето на меѓународната позиција на Косово придонесува за долгорочен и стабилен мир во регионот и пошироко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…