Османи: Битката кај Кошара е една од најславните битки на ОВК
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод одбележувањето на годишнината од битката кај Кошарa изјави дека „жртвата на слободата е висока, но слободата нема цена“, пренесува Газета експрес.
„Денеска ја одбележуваме годишнината од битката кај Кошарa, една од најпознатите битки на ОВК. На овој ден со почит се сеќаваме на хероите од битката кај Кошарa и од ослободителната војна на ОВК. Битката кај Кошарa силно докажа дека жртвата за слобода е многу висока, но дека слободата нема цена. Херојскиот пад на командантите Саљих Чекај, Агим Рамадани, Џемајл Фетахај, Абаз Тачи и други докажа дека битката кај Кошарa има почесно место во нашата колективна меморија“, смета Османијева.
Таа посочи дека манифестацијата „Денови на Албанците“ ќе се одржи под покровителство на Претседателството на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…