Османи: Бугарија ќе гласа за рамка во која македонскиот јазик ќе биде чист

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска истакна дека граѓаните имаат право на протести и критики, но целиот анти-наратив е заснован на погрешни протоколкувања на европскиот предлог.

-Во однос на македонскиот јазик, ги прашав критичарите дали би менувале нешто за јазикот во оваа рамка доколку самите го пишувале. Одговорот е не. Нема почиста формулација за јазикот од оваа предлог-преговарачка рамка. Такви се формулациите за сите држави кои биле кандидати на ЕУ. Црна Гора во својата рамка немаше воопшто јазик. Во нашата рамка, прашањето на јазикот е идентично. Во рамковната позиција на Бугарското собрание немаше опција за македонски јазик, туку да стои јазик на Македонија или со ѕвездичка, за да дојдеме до ова решение кое е апсолутно чисто, потенцира шефот на македонската дипломатија.

Според него, формулацијата за јазикот би била иста и доколку Бугарија не би била во нашето соседство.

-Република Бугарија ќе гласа за рамка во која македонскиот јазик ќе биде чист. Ова е првпат Бугарија да потпише ваков документ. Тие пет години не кочат, не можеме да го потпишеме договорот со Фронтекс. Реалноста е таа, додаде Османи во вестите на Тв Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…