Османи во Брисел на средби во НАТО и ЕУ
Министерот за надворешни работи на Македонија и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе има средби со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, како и со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.
Покрај презентацијата на програмата на ОБСЕ, на средбите во Европската Унија ќе бидат разменети мислења и за можностите за продлабочување на соработката со ОБСЕ, пред сѐ со Европската Комисија и институциите на ЕУ, со посебен фокус кон улогата и работата на теренските мисии на Организацијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа, соопшти МНР.
Во рамките на посетата на НАТО, Османи ќе учествува на посебна тематска сесија на Северно-атлантскиот совет (САС) на НАТО, на која ќе бидат разменети видувањата за актуелните безбедносни предизвици и улогата на ОБСЕ во одржувањето на стабилноста и безбедноста на Континентот.
Покрај Борел и Џоана, Османи ќе има средби и со специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан – Мирослав Лајчак и со еврокомесарот за кризен менаџмен Јанез Ленарчиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
НАТО: Србија сама треба да одлучи какви…
На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку…
НАТО ја презеде од САД координацијата на…
НАТО ја презеде координацијата за западната воена…