Османи во посета на Египет: Унапредување на билатералните односи и зголемување на трговската размена

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на актуелен претседавач со Медитеранската група за соработка на ОБСЕ и иден претседавач со Организацијата, денеска ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет.

Како што соопшти МНР, за време на посетата, Османи ќе оствари средба со неговиот колега, министерот за надворешни работи, Самех Хасан Шукри Селим и министерот за трговија и индустрија, Ахмед Самир Салех.

Во фокусот на дискусиите ќе биде натамошното унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Египет, како и економската соработка и зголемување на трговската размена.

Воедно, акцент ќе  се стави и на актуелните меѓународни прашања и безбедносните предизвици во регионот на ОБСЕ, како и надворешно-политичките приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…