Османи во посета на САД: Косово е на линија со сојузниците во одбрана на демократските вредности
Претседателката на Косово, Вјоса Османи се сретна со потсекретарката на САД за граѓанска безбедност, демократија и човекови права, Узра Зеја во Костарика, каде што престојува во официјална посета, соопшти денеска кабинетот на Османи.
На средбата, станало збор за прогресот на Косово во исполнувањето на преземените обврски во рамки на Самитот за демократија, како и за интензивирањето на соработката меѓу Косово и САД. Османи изјавила дека Косово „продолжува да стои на линија со сојузниците во одбрана на демократските вредности”.
– Во ова време кога демократиите во целиот свет станале директна мета на авторитарните тенденции кои се постојано во подем, Самитот за демократија е платформа која ги обединува земјите од сите страни на светот во нивните напори за консолидирање на демократските вредности и нивно натамошно промовирање и јакнење – се цитира Османи во соопштението од нејиниот кабинет.
Османи во Костарика престојува на покана на нејзиниот колега, Карлос Алврадо Кесада и ќе учествува на церемонијата на инаугурција на новиот претседател на таа држава, Родриго Чавез.
Претходно косовската претседателка престојуваше во Панама, каде што во петокот учествуваше на свеченоста на откривањето на споменикот на Мајка Тереза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…
Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…
Пацоли во саботата рече дека шефот на…