Османи во Tокио: Јапонски компании со интерес за инвестирање во Македонија

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, организираше бизнис форум, во седиштето на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) во Токио, каде ги презентираше потенцијалите за инвестирање во С. Македонија.

Министерот Османи ги презентираше суштинските параметри на економијата на С. Македонија, како земја со стабилен економски и финансиски систем, и со исклучително поволни услови за странски инвестиции. Притоа ги истакна одличната геостратешка позиција на земјава, отворениот пристап до европскиот пазар од над 650 милиони потрошувачи, ниските оперативни трошоци, како и висококвалификуваната работна сила.

Воедно, нагласи дека многу европски компании во последниве години со отворањето нови производствени капацитети во нашата земја, како и проширување на постојните инвестиции, ја имаат согледано компаративната предност на нашата економија и поволностите кои ги нуди Владината Програма за инвестиции. Во тој контекст, подвлече дека С. Македонија е особено атрактивна дестинација за странските инвеститори од автомобилската индустрија, но и енергетиката, ИТ индустријата и други сектори.

“Како полноправна членка на НАТО, и на самиот праг на преговорите со ЕУ, Република С. Македонија во моментот претставува атрактивна бизнис дестинација, со најголем потенцијал за прогресивен развој и одлични бизнис можности за компаниите кои претендираат да го освојат европскиот пазар” – истакна Османи.

Настанот го отвори претседателот на JETRO, Казушиге Нобутани, а покрај министерот Османи, презентации одржаа и генералниот директор на претставништвото на JETRO во Виена, Татсуо Камино, како и Хиденори Ватанабе, директор на претставништво на јапонската ИТ компанија Writerity Inc. во Северна Македонија.

На бизнис форумот учествуваа повеќе од триесетина високи претставници на реномирани јапонски компании, меѓу кои Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи, кои изразија силен интерес за поволностите кои С. Македонија ги нуди за странските инвеститори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јапонците трупаат залихи по најавите за „мегаземјотрес“

Јапонските власти побараа од граѓаните да не…

Земјотрес од 6,8 по Рихтер го погоди…

Земјотрес што според прелиминарните мерења, бил со…

Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

(Видео) Предупредување за цунами! Земјотрес од 7.1…

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според…