Османи: Вучиќ не се разликува од Милошевиќ
Вјоса Османи – претседателката на Косово вели дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, со неговите последни закани за интервенција во Косово, не се разликува од неговиот претходник, Слободан Милошевиќ.
Вучиќ завчера на одбележување на 20-годишнината од нападите на Албанците врз Србите во Косово, во кои беа убиени 16 Срби ѝ порача на Европската унија дека Србија го чека „најдобриот можен момент“ за да се бори за својата кауза.
– Не е проблем, сакате да бидете со нив (со Приштина), нема да не имате, сакате да бидете со нив и да им помогнете, ќе преживееме, но ние сме доста умни и доста храбри и научивме доста многу и добивме многу искуство по сето она што ни го направивте во последните 25 години, за да го чекаме најдобриот можен момент и да се избориме за нашата кауза – рече Вучиќ.
Османи за порталот „Телеграфи“ рече дека ваквите изјави покажуваат дека актуелниот српски претседател продолжува да се води од менталитетот на Милошевиќ, имајќи за цел да зазема територии, без воопшто да се грижи за човековите права и слободи.
– Тој открива еден многу важен факт, дека тој е продолжение на менталитетот на Милошевиќ, кој бара територии и никогаш не се грижи за човековите правата и слободи, изјави таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…
Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…
(Видео) СНС на Вучиќ прогласи победа на…
Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните…
Вучиќ по затворање на гласачките места: Резултатите…
Претседателот Александар Вучиќ вечерва кратко зборуваше пред…
Вучиќ на завршниот предизборен собир на СНС…
Во Србија на полноќ започнува предизборен молк,…