Објавено на:

Османи децидна: Местото и иднината на Косово е во ЕУ

t

Косово е фокусирано на европската иднина и убедена сум дека евроатлантските интеграции наскоро ќе бидат нашата иднина, изјави косовската претседателка, Вјоса Османи, во говорот во Европскиот парламент и ја искористи можноста да им порача на косовските Срби дека Косово е и нивен дом.

Османи е првата претседателка на Косово која се обратила пред Европскиот парламент, 25 години откако ЕП на Ибрахим Ругова, во Стразбур му ја врачи наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.

Република Косово и нејзиниот народ продолжуваат да гледаат кон иднината – европската иднина. И како што е напишано во нашиот Устав, евроатлантската интеграција е нашата прва и единствена дестинација. Тоа не е само наша амбиција, туку и наша цел; јас сум убедени дека тоа наскоро ќе биде нашата иднина“, изјави Османи.

Таа рече дека Косово не е далечна земја, туку составен дел од Европа.

Западен Балкан не е само „соседство“ туку природен дел од Европа и е од стратешки интерес за траен мир и стабилност на континентот“, рече Османи.

Таа додаде дека затоа минатата година поднеле барање за членство и се надеваат дека европските институции и земјите – членки ќе го поддржат нивното барање.

Сметаме на лидерството и одлучноста што овој Парламент толку често ги покажува. За возврат сакам да ве уверам дека нашето трпение нема да згасне. Никогаш нема да скршнеме од нашиот евроатлантски пат“, рече Османи, нагласувајќи дека Косово е 100 проценти во согласност со одлуките на ЕУ и во однос на надворешната политика и безбедноста.

Во својот говор таа потсети дека по прогласувањето независност на 17 февруари 2008 година, Косово тргнало по пат на трансформација, раст и просперитет.

Вредностите на ЕУ се наш морален компас (…) подадевме рака за соработка на сите наши соседи и решени сме да ги заштитиме и промовираме правата на сите граѓани на Косово. На Србите во Косово им порачувам: Косово е вашиот дом, ќе направиме се што е во наша моќ да се чувствувате заштитени, да не бидете оставени настрана, да сте еднакви и да ве слушаат“, рече Османи.

Осврнувајќи се на актуелната ситуација, таа потврди дека нејзината земја се соочува со безбедносни предизвици и дека единствениот начин да ги преброди лежи во партнерствата и сојузите.

Недостигот од интеграција на демократските земји од Западен Балкан претставува голема безбедносна закана за цела Европа, бидејќи го остава регионот ранлив на закани и злонамерни актери. Интеграцијата на нашиот регион не е само од исклучителна важност, туку е од стратешко значење“, оцени Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…