Османи заедно со Милков денеска во Софија ќе го посети повредениот охриѓанец
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе оствари работна посета на Софија.
Османи ќе се сретне со неговиот бугарски колега Николај Милков и заеднички ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, соопшти вчера МНР.
Посетата ќе биде искористена, како што велат од МНР, за да се разменат мислења меѓу двајцата министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.
Инаку, засега нема официјален став и појаснување од МНР, ниту од Министерството за здравство за процедурата по која македонскиот државјанин Пендиков ја напуштил државата, а од Обвинителството велат дека во однос на други постапки за наведеното лице, повеќе детали ќе изнесат в понеделник откако ќе биде направен увид во предметите што се споменуваат.
-Оштетениот до сега два пати даде свој исказ во постапката и е достапен на органите на прогонот. Освен тоа, тој има правен интерес да учествува во постапката. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице, велат од Обвинителство за МИА.
Инаку во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека еден од напаѓачите на Пендиков е бугарски државјанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…