Османи замолува да бидеме трпеливи: Документите објавени во некои медиуми не се конечниот француски предлог

t

Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кое Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи“, пишува шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на социјалните мрежи.

„Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран“, дополнува Османи во напишаното.

„Како што беше ветено, почнуваме процес на широки консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста“, потенцира шефот на македонската дипломатија во врска со новите случувања во спорот со Бугарија откако во Мадрид, францускиот претседател обзнани дека е најдено компромисно решение за спорот меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…